Македонија
МВР ќе објавува информации за функционери кои се можни сторители на кривични дела
Министерството за внатрешни работи ќе објавува информации за носители на јавни функции кои се можни сторители на кривични дела, најави техничкиот министер, Наќе Чулев.
Тој не прецизира за какви дела станува збор, ниту за кои функционери, но рече дека МВР не ја изгубило откривачката функција и има активности за откривање сторители на кривични дела во областа на организираниот криминал и корупција.
„Во однос на истрагите што ги најавив, сакав да кажам дека во изминатиот период, покрај концентрацијата за спроведување на мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните, МВР не ја изгуби откривачката функција, односно активностите во областа на откривање сторители на кривични дела, особено во областа на организираниот криминал и корупцијата, па и во овој дел. Во наредниот период ќе објавуваме исто така и информации и за одредени носители на јавни функции за кои веќе има одредени добиени информации, а кои се можни сторители на кривични дела“, рече Чулев.
Тој додаде дека во изминатиот период не сакал да ја оптоварува јавноста со овие информации бидејќи општеството било концентрирано кон спречување на ширењето на коронавирусот.
„Со олабавување на мерките од Владата, мислам дека се отвора простор да ја информираме јавноста за оној друг аспект од работата на МВР за да не се добие впечаток дека изминатите три месеци сме насочени само кон мерките за заштита од Ковид-19. Имавме сериозни предизвици во спречување на илегалната миграција“, додаде Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

