Македонија
„Медиумските извештаи загрижуваат – општина Чаир плаќа 𝟨𝟢,𝟤𝟧 денари за 𝟤𝟧𝟢 мл вода за пиење“, велат од ДУИ
„Демократската унија за интеграција (ДУИ) со загриженост ги следи медиумските извештаи во врска со сомнителните јавни набавки во Општина Чаир, каде што, според објавените информации, цената на набавката на вода за пиење достигнува неверојатни 60,25 денари за 250 мл“, велат од ДУИ.
„Оваа вест предизвика оправдани реакции во јавноста и ја отвори потребата за целосна транспарентност во трошењето на јавните пари.
ДУИ бара од општинските власти јасно и недвосмислено да го појаснат овој случај, да ги објават сите релевантни податоци и да ги отфрлат сите сомнежи за можни злоупотреби.
Во контекст на веќе долгогодишните проблеми со урбаната мафија и хаосот што ја задушува Општина Чаир, секој сомнеж за неправилности во трошењето на јавните средства дополнително ја влошува довербата на граѓаните кон институциите.
ДУИ останува посветена на принципите на транспарентност и одговорност и ќе продолжи да инсистира на јасни одговори и соодветни мерки за заштита на интересите на граѓаните“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)
Македонија
Претпладне појава на слаба магла, во текот на денот сончево и тивко
Во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

