Македонија
Мекалистер и Кукан: Собранието треба да ја преземе одговорноста и да го отвори патот кон просперитетна и европска земја
По дебатата во Собранието за уставните измени за спроведување на договорот од Преспа и во пресрет на утрешното ново продолжение на седницата, преку заедничко соопштение се огласија членовите на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и Едуард Кукан.
„Договорот од Преспа од 17 јуни 2018 година обезбедува историска можност за да ѝ се обезбеди европска иднина на поранешната југословенска Република Македонија. Пристапувањето во ЕУ е стратешко, вредностите врз основа на избор, со помирување, и добрите меѓуетнички односи и соседски политики се клучни компоненти на политиката на проширување на Унијата. Пратениците во Собранието имаат личен и слободен мандат за клучна одговорност во водењето на политичката насока на земјата. Ние имаме разбирање за тешките одлуки кои се однесуваат на спроведувањето на договорот од Преспа. Сепак, се надеваме дека сите политички актери ќе ја искористат оваа единствена можност за конструктивно обликување на евро-атлантската иднина на поранешната југословенска Република Македонија. Со користење на овој прозорец на можности, Собранието треба да ја преземе одговорноста и да го отвори патот кон успешна, просперитетна и европска земја“, се вели во заедничката порака на европратениците до македонските пратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

