Македонија
Мелешкану: Договорот меѓу Атина и Скопје беше незамислив, но чудата се можни
Министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану, ги повика земјите од Западен Балкан да го следат примерот на Атина и Скопје и да изнајдат решение за постојните тешки околности и комлицираната историја.
„Тоа беше незамисливо пред неколку години. Чудата се можни. Се надеваме дека тоа ќе создаде енергија и за другите земји од Западен Балкан, кои сè уште преговараат“, заклучи Малешкану.
Шефот на романската дипломатија нагласи дека на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и земјите кандидати во Букурешт претставниците на Грција и Северна Македонија првпат седнале заедно и споделиле иста идеја за развој на условите за пристапување на Западен Балкан во ЕУ.
„Потписот на преспанскиот договор покажа дека и покрај тешките околности и комплицираната историја, со политичка волја можно е да се изнајде решение за политичките прашања“, порача Малешкану.
На дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, што денеска се одржува во Брисел, присуствуваа и шефовите на дипломатиите на земјите кандидати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 12 степени
Времето утрово е студено, насекаде со негативни утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во вторник.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.
Македонија
Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат
Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.