Македонија
Мемеди најави напуштање на сите функции ако го разрешат неговиот министер
СДСМ да го повлече предлогот за разрешување, а ДУИ да не гласа за разрешување на нашиот министер Сухејл Фазлиу, порача пратеникот од Национална демократска преродба (НДП), Весел Мемеди.
Според него, на чело на Министерството за локална самоуправа секогаш стоел Албанец и обвини дека одредени структури сакале да го оцрнат министерот Фазлиу.
„На чело на ова оро, на оваа игра во која ни го зедоа Министерството за локална самоуправа, стоеше Кирил Парталов, државен секретар во Министерството. Оваа игра ја заврши премиерот, ми се јави за да се пазариме за отстапување на Министерството. Со еден куршум сакаат две цели, едната политички против Сухејл Фазлиу, кој стана трн во очите на подземјето, и втората цел е тивок договор да се земе Министерство што секогаш го воделе Албанци“, рече Мемеди.
Ако постои таен договор СДСМ да предложи, ДУИ да гласа, тогаш ние не сакаме да бидеме дел од тој договор, позициите за нас не се важни, туку симболиката што ја браниме, дополни Мемеди.
„За да ја докажеже оваа висока вредност, денес ќе поднесме неоповикливи оставки од сите директорски места, управни одбори и повлекување од функцијата потпретседател на Собранието, како и предавање на пратеничкиот мандат“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

