Македонија
МЕПСО: Нормализирано е снабдувањето со струја во југозападниот дел на земјата
Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети и нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места, соопштија попладнево од компанијата.
Од таму објаснуваат дека причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи.
„Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако претпладнево без напон останаа два 110-киловолтни далекувода од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи“, велат од МЕПСО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

