Македонија
Мехмедовиќ: Саниран дефектот, поликлиниката Букурешт е целосно оперативна

Здравствениот дом Скопје ги извести граѓаните и пациентите дека дефектот на трафостаницата, односно нисконапонскиот кабел кој ја поврзува поликлиника Букурешт е саниран во најкраток можен рок, па објектот на поликлиниката има непречено снабдување со електрична енергија.
„Закажаните прегледи преку Мој термин продолжуваат редовно да се реализираат. Брзата помош функционира без никакви проблеми, вакцините, инсулините и лабораториските реагенси се повторно на безбедно вратени во ладилниците во поликлиниката Букурешт. Вакцинацијата, снабдувањето со инсулини, лабораториските испитувања и комисиската оцената на боледувањата ќе се одвиваат непречено“, вели директорот на здравствениот дом Злате Мехмедовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 06.10 часот, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремено засилен ветер, претпладне услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, на денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.