Македонија
(Видео) Меј: Важно е да се спречи руското влијание на Балканот

Важно е да се спречи влијанието на Русија како во Европа така и во земјите од Западен Балкан, порача британската премиерка Тереза Меј на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
„Русија се обидува да влијае како на европските земји така и на земјите од Западен Балкан, преку злоупотреба на информации, сајбер-напади и пропаганди. Важно е да се здружиме против Русија, поддршката од Македонија и другите земји е од големо значење за нас“, рече Меј.
Таа истакна дека, како на самитот во Софија така и на самитот во Лондон што ќе се одржи во јули, токму поради оваа причина, главна тема ќе биде безбедноста на регионот и руското влијание врз него.
„Конфликтите од минатото знаат понекогаш да бидат тешки и нерешливи, но еднаш засекогаш мора да се соочиме со нив. Со добра волја можеме сите да одиме напред. Ве поддржуваме во решавањето на спорот за името со Грција и сметаме дека брзо решение е повеќе од потребно, бидејќи ќе биде од посебно значење и за двете земји“, рече Меј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.
Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.