Македонија
Меџити-Велиај: Сега мора да работиме за новата генерација Албанци, за дигитална генерација која е подготвена да навлезе во светот
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити за време на официјалната посета на Тирана беше примен од градоначалникот Ерјон Велиај.
Меџити и Велиај на средбата разговарале за реализација на проекти во интерес на граѓаните на главните градови.
„Во главниот град на Албанија, во мојот втор дом, средбата со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, тоа беше повеќе од официјален разговор; тоа беше братски момент. Средбата ги надмина административните прашања и се претвори во споделување чувства и идеи за зајакнување на врските меѓу нашите две земји“, рече Меџити на средбата со градоначалникот на Тирана.
Меџити рече дека топлото гостопримство и впечатоците од страна на Велиај се доказ за длабоките и братски врски што не обединуваат, додека оваа средба ја зајакнува посветеноста за соработка и заеднички развој.
Градоначалникот на Тирана Велиај рече дека сега мора да работиме за новата генерација Албанци, за дигитална генерација која иако доаѓа од мали земји како нашата, е подготвена со своето знаење длабоко да навлезе во светот.
Секогаш сте добредојдени во Тирана, а нашата врата е секогаш отворена за нашите браќа и сестри Албанци од Северна Македонија, рече Ерјон Велиај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

