Македонија
Меџити го повика разрешениот Јовев да му биде советник, не одговори дали ќе си ја преиспита одлуката за промена
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го повика разрешениот директор Сашко Јовев од Кардиохирургија да му биде советник во Кабинетот. Не одговори на прашањето дали ќе ја ревидира неговата одлука за Јовев да се врати на директорската позиција, туку само рече дека тој ќе остане вработен.
„Го повикувам да биде национален советник за кардиохирургија. Јовев продолжи да биде вработен на Клиниката за кардиохиругија. Ќе ги има мојата посветеност и поддршка во натамошното работење“, рече Меџити.
Меџити посочи дека ќе бара зголемен буџет за Клиниката од која го разреши Јовев.
„Целта е Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат позитивно и да ги зголемиме резултатите“, додаде тој.
Министерот посочи дека Јовев е само дел од промените што тој ги прави.
„Секаде ќе има инспекции, каде што ќе има нерегуларности и индиции за злоупотреба, ние таму и ќе постапиме“, додаде Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

