Македонија
Меџити: ДУИ ќе раководи со три комисии, дилемата е околу европски прашања или образование

ДУИ ќе раководи со три собраниски комисии, истакна пратеникот Изет Меџити од ДУИ.
Тој рече дека засега е извесно оти ДУИ ќе раководи со комисијата за здравство и по дифолт, претседателот на Собранието ќе раководи со Уставната комисија, но дилемата е дали Демократската унија за интеграција ќе раководи и со Комисијата за европски прашања или со Комисијата за образование.
Одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на наградите „8 Септември“, Меџити изрази уверување дека деновиве ќе бидат избрани собраниските комисии.
Како што истакна Меџити, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, а Алијанса на Албанците и Алтернатива со две.
Во врска со пратеникот Исмаил Јахоски, кој на сајтот на Собранието беше ставен во групата на независни пратеници, Меџити рече дека станува збор за техничка грешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.