Македонија
Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор, тројца пациенти добија нова шанса за живот

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, информира дека е направена уште една трансплантација на срце и бубрези во земјата.
„Благодарение на хуманоста на едно семејство, кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси, не еден, туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим, кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сè уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата!“, вели министерот Меџити.
Министерот додаде дека се гордее со медицинскиот кадар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски -Ле Риголер: презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република, на која се разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република.
На средбата присуствуваа и претставници на бизнис заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти од стратешка важност за државата.
Беа потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји и разменети мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.
Вицепремиерот Николоски ги претстави развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, особено проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.
Македонија
Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата, велат од Град Скопје.
Од таму велат дека Јахоски истото го направил и за предновогодишните празници и ги оставил грѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само, како што велат од Град Скопје, да се задоволат суетните лидери од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи.
„Зар не направивте доволно хаос во Скопје, спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз. ЈСП кој дава јавна услуга за граѓаните која претставува јавен интерес, нема да дозволи идиотските криминогени постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните. Затоа за Асмир Јахоски и Пуцко петрол ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат. Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата која му ја предизвикаа на ЈСП и Скопје во изминатите 4 години“, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Македонија
Турција погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени

Турција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри, на 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Ова подрачје веќе беше погодено од земјотреси на почетокот на август и на почетокот на септември, потсетуваат медиумите.
Фото: принтскрин