Македонија
Меџити: Обезбедивме 2,5 милијарди денари за чиста вода, здрава средина и безбедна инфраструктура во општините
Денеска беа потпишани договори со кои на 51 општинa ќе им бидат распределени околу 2,5 милијарди денари за реализација на 143 инфраструктурни проекти во областа на водоснабдување, канализација, атмосферска заштита и регулација на речни корита.
„Ова се инвестиции во достоинството на граѓаните и одговорноста кон природата. За првпат инвестираме на толку широк фронт, во сите делови на државата. Граѓаните мора да чувствуваат дека институциите работат за нив и дека промената е видлива, а иднината е вредна“, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Со овие средства ќе се изградат или реконструираат пречистителни станици, фекални и атмосферски канализациони мрежи, водоводи и резервоари, системи за следење и управување (SCADA и ГИС), системи за одведување отпадни води, како и урбана опрема за управување со отпад.
Од Министерството за животна средина велат дека ова е досега најобемната поддршка што Министерството ја реализирало преку капитални дотации до општините, со цел да се подобрат условите за живот, да се спречат поплави, загадување и да се овозможи одржливо планирање во урбаните и руралните средини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

