Македонија
МЖСПП: Првата тура на опасен отпад од „ОХИС“ е пристигната во Базел
Според податоците добиени од „Екоцентар 97“ ДООЕЛ Скопје, на 14.01.2020 се направи првиот извоз на отпадни хемикалии согласно проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи” од АД „ОХИС“ Скопје во стечај, при што вкупно се извезени 88 буриња, од кои 84 буриња беа полни со отпаден метанол, додека, пак, 4 буриња беа полни со акрилонитрил. Вкупната нето-количина на хемикалијата во бурињата изнесуваше 15.800 килограми од кои 15.120 килограми се отпаден метанол, а 680 килограми отпаден акрилонитрил.
Нотификацијата од овој извоз е заверена на вкупна бруто-количина вклучувајќи ги и палетите и пакувањето/бурињата со вкупен износ од 16.700 килограми. Истата е заверена од компанијата „Валорец сервисес АГ“ од Базел/VALOREC Services AG Basel на ден 21.01.2020 година кога камионот е пристигнат и истоварен.
Од страна на Државниот инспекторат за животна средина во саботата, на 25 јануари, е извршен вонреден инспекциски надзор во кругот на „ОХИС“, при што е констатирано дека од страна на фирмата „Екоцентар“ од Скопје е направена припрема и утовар и на втора тура историски отпадни хемикалии кои се извезуваат надвор од границите на државата. Истата на 27 јануари е излезена од државата и патува за Базел. Со втората пратка се извезени 88 буриња со нето-тежина 15.441 килограми метанол, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

