Македонија
Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено
„Господине Јовевски, јас не сум правник, ниту адвокат, ниту обвинител, ниту судија, ниту сум од Вашата фела. Меѓутоа како пратеник, а и како човек во одредена држава, се снаоѓам читајќи закони и движејќи се по законите. Е, сега во аналитика дадена од политички аналитичари и луѓе кои што работеле во обвинителство во други држави се вели дека криминалот во државата особено масовниот, организиран криминал го води Владата, а само од 2 до 3% велат од криминалните дејанија можат да бидат неконтролирани од Владата на одредена држава – тоа е цитат. Меѓутоа припаѓам и сакам да припаѓам на една нова генерација на политичари па тука ги има многу од сите пратенички состави на млади политичари, неизвалкани од минатото кои што не се дел од ниедна шема од минатото, не должат на никого ништо и заради тоа имаат право да бараат вистина, систем и држава“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник и претседател на Анкетната комисија.
Мизрахи додаде дека Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат.
„Спомнавте закони дека задачата на Собранието ќе биде да донесе нови законски решенија. Закони има во оваа држава особено во здравство. Значи еден куп закони. Е, сега спомнавте исто така дека имаме нејаснотија во однос на реалните потреби, имавте емотивен говор, колку медикаменти за сите пациенти треба да се набават. Закони и реални потреби, епа вака господине Јовевски, утврдено е со записник, како и преку документација дека стручен колегиум, потврден преку закон за неговото постоење за да даден налог за кои медикаменти да се набавуваат и како ќе се користат и како ќе се аплицираат во една клиника дава стручен колегиум. Не постои. Протоколи за апликација на медикамент – биолошка терапија не постојат. Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат“, нагласи Мизрахи.
Таа посочи дека ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено, па заради тоа никогаш не го информирал Јовевски, Јавното обвинителство.
„МАЛМЕД никогаш ништо не видело во веледрогериите по прашање на колку, на какви медикаменти се носат и дали истите навистина се поклопуваат со материјалните картички за влез и за излез во Онкологија. Па, и тие не Ве информирале за ништо“, нагласи пратеничката.
„ДЗСИ правел инспекциски надзор на кои што видело протоколи кои што никогаш не постоеле. Па, дури и разгледувало по 20 случаи на пациенти кои што се терапирани по протокол кој што никогаш не постоел. Има закони во оваа држава и според тие закони ако прашувате која би била политичката одговорност, таа е строго дефинирана во Законот за организација и работа на органите на државата каде што стои делот министерство за здравство“, појасни Мизрахи.
Пратеничката рече дека се бара политичка одговорност, но по хронологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.