Македонија
Мизрахи: Заев нема мандат да ја брише историјата, оставка итно
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, денеска на протестот со мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред Министерството за надворешни работи им порача на граѓаните дека треба да им се спротивстават на Зоран Заев и, како што рече, на неговите лоши политики и анационализам.
„Политиките на Заев водат до губење на идентитетот, јазикот и историјата. Ако тоа се изгуби, се губи Македонија. Денеска, се обраќам пред вас како ваша сограѓанка, ќерка, сестра, мајка, жена од Македонија“, истакна Мизрахи.
Таа посочи дека во секој збор од химната на Македонија има тежина.
„Во секој збор на химната има огромна вистина. А текстот на химната го напиша Владо Малески. Колку ли горди треба да бидат неговите потомци кога ги читаат овие стихови? Се надевам дека се“, рече Мизрахи.
„Што ли би рекле илинденците, зарем со нешто заслужија коските да им се превртуваат? И не од поробувачите, туку од оние што во моментот ја водат државата, која токму илинденците и партизаните во завет ни ја оставија, слободна македонска држава, со слободен народен јазик и вековна историја, држава на сите нејзини граѓани“, истакна Мизрахи.
Додаде дека денешниот собир не е против ниту една соседна држава, туку, како што рече, е против Заев и неговата екипа.
„Тие ги распродаваат националните интереси за кои живот дале македонските херои. Заев нема мандат да ја брише историјата и да ја пишува тој како што сака. На ова мора да се стави крај што побргу“, нагласи Мизрахи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.