Македонија
Мизрахи побара од Заев јавно да го прочита предлогот преговаран во Софија
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешните пратенички прашања во Собранието, истакна дека по милиони пати повторени изјави од страна на премиерот Зоран Заев дека Преспанскиот договор ни го гарантирал членството во ЕУ, датум нема, а, како што кажа, во тек се преговори и за идентитските прашања.
„Искрено, не очекував денес ниту да ве видам во Собранието. Освен можеби во архивата каде што би ја поднеле својата оставка. Вие пред цела Македонија и сите нејзини граѓани изјавувавте во милион наврати: Преспанскиот договор ни гарантира членство во ЕУ! Референдум под наслов ‘За Европска Македонија’ и цела кампања базирана на истото. Но, после почна пандорината кутија која вие ја отворивте со друг сосед, Бугарија, за што ви беше кажано и повторувано и повторувано милион пати. И не послушавте сè додека не ја заглавивте нашата европска иднина целосно“, критикуваше пратеничката Мизрахи.
Таа рече дека Заев продолжил со разговори за она за кое ниту еден народ не ни дискутира – идентитет и јазик.
„И не кажувајте повторно дека тоа се лаги, конструкции и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, веќе цела македонска јавност знае дека тоа е целата вистина“, нагласи Мизрахи.
Претеничката воедно побара од премиерот пред очите на македонската јавност да го прочита предлогот со кој преговарал во Софија.
„Барам од вас овде во Собранието, пред очите на целата македонска јавност, да го прочитате, ама да го прочитате, а не парафразирате во светкав говор како што знаете, предлогот со кој отидовте да преговарате минатата недела во Софија. Барем еднаш обидете се да одговорите со вистината, со лаги не сте ни добар политичар, ниту пак добар човек“, критикуваше Мизрахи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски, бара СДСМ
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ.
„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.
Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?
„Кога СДС зборува за недостаток на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите. Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа ќе значеше дека идните покачувања на минималната плата нема автоматски да влијаат врз останатите плати во јавниот сектор. На тој начин ќе се прекинеше линеарниот раст и ќе се ослабеше заштитниот механизам за работниците.
Друг факт е дека финалната верзија на измените не беше објавена на ЕНЕР, а синдикатите информираа дека со предлог-законот се запознале преку веб-страницата на Собранието. Немаше суштинска јавна расправа, ниту вистински дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет.
Во тој момент реагираше тогашното раководство на ССМ. ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција поднесе бројни амандмани со цел да се спречи донесувањето на ваквото решение.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 40 амандмани, меѓу кои и клучниот предлог минималната плата да остане составен дел од формулата за пресметка. Со тоа се обезбеди и понатаму платите да растат линеарно со растот на минималната плата.
Токму затоа денес, кога расте минималната плата, растат и другите плати.
Зошто се премолчуваат случувањата од 2024 година? Зошто Трендафилов не го кажува тоа?
Зошто не се говори дека со заедничка акција беше зачуван принципот минималната плата да остане основа за пресметка?
ВМРО ДПМНЕ тогаш не дозволи, со скратена постапка и европско знаменце, да се донесе решение што ќе беше на штета на работниците.
ВМРО ДПМНЕ е на страната на работниците.
Токму затоа за 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување.
Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година.
Работниците заслужуваат сигурност а не дневнополитички конструкции од страна на СДС“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

