Македонија
Мизрахи: Ставот на СДСМ дека сум опасност за европската перспектива е како оној на Хитлер за Евреите
Мизрахи ја загрози македонската европерспектива или преведено – Евреите се опасност за Европа, како изваден цитат од говорите на Гебелс и неговиот фирер Хитлер.
Со ваква објава реагира на социјалните мрежи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ кога портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска оцени дека со изборот на Мизрахи во извршниот комитет, Мицкоски ја потврдил антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
Мизрахи ја загрози македонската европерспектива е во превод Евреите се опасност за Европа како изваден цитат од говорите…
Posted by Рашела Мизрахи on Четврток, 24 септември 2020
„Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа што како министерка во техничката Влада ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, со што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата“, рече портпаролката на СДСМ.
Мизрахи, пак, вели дека ова се срамни изјави од страна на владејачката партија.
„Очекувам во следната ваква изјава на СДС да бидам нацртана како карикатура со огромен нос и очила“, напиша Мизрахи алудирајќи на нацистичките стереотипи за Евреите, додавајќи – знам дека нематe срам, но Македонија се срами од вас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

