Македонија
Милевски: Од Програмата за меѓуграничната соработка донираме на полицијата
2.500 заштитни маски за повеќе употреби, 38.050 ракавици и 100 антисептик-гелови ќе добијат полицајците од СВР Охрид, како и колегите од подрачните единици, во рамките на Програмата за прекугранична соработка ИПА 2 меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
„Би сакал да изразам благодарност до Европската Унија за прифаќањето на пренамена на буџетот за реализација на донацијата. Полициските службеници се дел од првите редови кои помагаат во борбата против оваа криза предизвикана од Ковид-19. Соработката меѓу Северна Македонија и Албанија ќе продолжи. Меѓуграничната програма е многу важна за развој на градовите од обете страни на границата, можности за напредок на заедницата, но и за добрососедските односи и поддршка за членство во ЕУ“, изјави Горан Милевски, министер за локална самоуправа.
Буџетот за донацијата изнесуваше 10.000 евра, кои беа еднакви како за земјата така и за соседна Албанија.
„Донацијата од Програмата за прекугранична соработка ИПА 2, меѓугранична соработка на Македонија и Албанија, доаѓа во вистинско време и ќе ни помогне да бидеме поефикасни во реализацијата на задачите за поуспешна борба во сузбивањето на коронавирусот. Денеска, со ова покажавте грижа за здравјето на полициските службеници и искажавте поддршка на СВР Охрид“, потенцира Илија Милески, началник на СВР Охрид.
Инаку, сто и педесет пакети со храна за социјално загрозените семејства погодени од пандемијата на Ковид-19 во Елбасан и Грамш, Албанија, беа донирани од Програмата и примопредадени од страна на тамошните власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

