Македонија
(Видео) Милевски: РЕК работи со половина блок, има дефекти и намалено производство
РЕК Битола повторно работи со половина блок, исклучени се Блок 2 и Блок 3, тврди Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Блок 1 работи со половина снага, со додавање на огромна количина мазут. На тој начин РЕК ја загадува околината, за што Македонија веќе има негативни поени од Енергетската заедница во Виена. Вашите ‘шампионски’ политики веќе почнаа да ви се удираат од глава. Ова соопштение не е за да глумиме загриженост или политички да поентираме, туку да побараме одговорност од раководството на РЕК Битола. Од истото тоа неспособно раководство кое не кажа ништо на јавноста за хаваријата на БЛОК 2 пред повеќе од месец дена“, рече тој.
Милевски прашува чија е одговорноста за оваа хаварија и која фирма го правела капиталниот ремонт?
„Дали сега истата фирма повторно прави ремонт и како е тоа договорено? Дали во четири очи, како што милува да работи СДСM? Се обраќаме до цела јавност во име на сите вработени во РЕК Битола, како и сите загрижени граѓани за ситуацијата во комбинатот. Последен ‘успех’ на раководството на РЕК Битола е што најголемиот багер за ископ на јаглен во рудникот ‘Суводол’ по вторпат во оваа грејна сезона е надвор од функција поради нестручност на раководниот кадар. Багерот ‘КУ-300’, кој по само две недели работење после санација на претходно оштетување, пак е оштетен“, рече Милевски.
Според него, штетата е направена затоа што багерот се носи да копа во распукани блокови јаглен, кои се слизнуват.
„Резултат на оваа нестручност е нанесување големи трошоци на комбинатот. Во рудникот ‘Суводол’ не се копа квалитетен јаглен, па мора се употребува мазут. На тој начин се загадува воздухот и се поскапува производството на електрична енергија. Спиралата која ја создаде раководството на РЕК Битола, самонаречените ‘шампионите’ во енергетиката, нема крај“, рече Милевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

