Македонија
Милошев: Мерките за справување со коронавирусот дадоа позитивни резултати
Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, денеска учествуваше на меѓународна видеоконференција за размена на мерките за превенција и контрола, како и размена на искуствата и предизвиците во дијагностика и третман, балансот меѓу нормалната економска и социјална активност, како и потребите од епидемиолошка контрола поврзани со коронавирусот во светот.
„Ги поставивме мерките за справување со коронавирусот во вистинската насока, навремено и со добра организација, а сето тоа даде позитивни резултати. Во соработка со експертите од Комисијата за заразни болести, епидемиолозите, како и во консултација со вработените во јавноздравствените установи поставивме темели на самиот почеток, кои беа високорестриктивни, но ги постигнаа очекуваните резултати. Во секој момент ги следевме трендовите од другите држави и ги разгледувавме позитивните и негативните сценарија и во согласност со тоа реагиравме. Досега сме задоволни од резултатите и остануваме во надеж за добар тек на ситуацијата со коронавирусот, со намален број новодијагностицирани, како и со цел усовршување на третманот на веќе заболените пациенти и со работа на изнаоѓање лек против овој вирус“, истакна државниот секретар Милошев.
На видеоконференцијата учествуваа и претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка и од Словенија, кои ги презентираа досегашните искуства во своите земји.
Сите претставници укажаа на тоа дека само со координиран пристап на сите земји во натамошното дејствување при справување со состојбата со коронавирусот може побргу да се надмине оваа глобална здравствена криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

