Македонија
(ВИДЕО) Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе достави амандмани на законот за обвинителство
Има волја кај двете страни да продолжи дијалогот за законот за обвинителство за да ги приближиме ставовите и да ги доставиме во заеднички предлог-текст или преку амандман на текстот на Законот, кој е усогласен сега меѓу СДСМ и ДУИ, изјави пратеникот Антонијо Милошоски, по завршувањето на средбата со министерката за правда, за законот кој треба да ја реши судбината на СЈО.
Тој го повтори ставот дека нивните предлози се во согласност со меѓународните стандарди и дека тие остануваат на позицијата дека не може мандатот на истражителите и обвинителите во СЈО да биде подолг од тој на Катица Јанева. Според Милошоски, поразлично од претходните состаноци е тоа што владиниот тим сега бил свесен за штетата направена во СЈО и заедничка констатација е, како што тврди тој, дека нема потреба да се дискутира за автоматско префрлање во обвинителството за организиран криминал и корупција.
Според Милошоски, не било спорно дека предметите на СЈО треба да имаат судска разрешница бидејќи не зависат од личностите кои ги водат. За ВМРО-ДПМНЕ останува сомнежот дека Јанева имала соработници во СЈО кои можеби се вмешани во „Рекет“.
„Потребна е темелна истрага, затоа сметаме дека не би можело секој од СЈО да биде во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Наш впечаток е дека Вилма Русковска е важна за СДСМ“, рече Милошоски.
Утре во собраниска процедура влегува законот за обвинителство, а в четврток се очекува комисиска расправа на која Милошоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува со амандмани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

