Македонија
(Видео) Милошоски до Заев: Дали Боки 13 и Сејдиу се вмешани во бизнисот со центар за дијализа?
Дали премиерот Зоран Заев им организирал средба на новите инвеститори од Швајцарија за купување на центарот за дијализа и дали во случајот свој удел имале осомничениот за рекет Боки 13 и екстутускиот бос Бајруш Сејдију, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на седницата за пратенички прашања.
„Во врска со случајот „Рекет 2“, прашањето е до вас, бидејќи кажавте дека сте имале состанок со „Дијаверум“, од каде што биле во вашиот кабинет и изразиле интерес за купување на фирмата „Дијамед“, која има концесии за дијализа, за што сега има истраги поврзани со министерот за здравство и директорот на ФЗОМ. Дали им организиравте на инвеститорите средба со Ден Дончев“, праша Милошоски.
Премиерот Зоран Заев возврати со напад посочувајќи дека порано бизнисот со дијализа го држеле Орце Камчев и бившиот кум на Груевски, Ристо Новачевски, кои инкасирале повеќе од стотици милиони евра од оваа зделка.
„Не сум им закажувал состаноци, сами си закажале, но ако побарале, јас би им закажал, тие дошле со намера да вложат во државата. Истрагите ќе покажат, ние чесно сме постапиле како власт. Стотици милиони евра разлики во цени се извлечени, затоа сè што имате како индиции слободно да извадите. Кој се извалкал кршејќи закон, ќе си одговара. Кој направил штета врз државниот буџет, ќе си одговара“.
Милошоски заклучи дека премиерот избегнува да одговори дали Сејдију и Јовановски стојат зад „Рекет 2“ и обвини дека власта е вмешна во целата постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

