Македонија
Милошоски: Писмото на Бејли е дипломатски скандал
Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, писмото од американскиот амбасадор Џес Бејли до судиите е дипломатски скандал.
„Дали се чувствува загрижен премиерот Заев по писмото на Бејли до претседателите на судовите во кое амбасадата бара да не се користи како извор при носење одлуки“, праша Милошоски.
„Ова е дипломатско-судски скандал. Американскиот амбасадор бара да не се злоупотребува неговото име, а поврзано со местење судски процеси. Дали како премиер ќе побарате истрага кон судии кои го злоупотребиле овластувањето?“, праша тој.
Премиерот Зоран Заев рече дека за писмото дознал од медиумите. Согласно со неговите надлежности побарал негов советник да се сретне со амбасадарот. Додаде дека ќе го чекал Бејли по празниците директно да разговара со него.
„Штом е нотирано тоа од стратешки пријател на Македонија тогаш тоа е сигнал дека треба да се преземат дејствија. Ја сфаќам пораката, никој не смее да се вади дека имал укажувања од странска амбасада“, рече Заев.
Бејли им пишал на претседателите на кривичниот, Апелацискиот и Врховниот суд, како и до министерката за правда и претседателот на Судскиот совет, дека до него стигнувале информации дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на Амбасадата на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

