Македонија
Милошоски: Поранешна советничка и заменик-градоначалник на Битола од СДСМ вработена во АЕК за нето-плата од 55.000
Честитки за госпоѓа Емилија Костурски, член на ЦО на СДСМ од Битола, за новото вработување во АЕК, за нето-плата од 55.000 денари. Можеби како наставничка на возраст од 56 години не била задоволна од платата во медицинското училиште, или можеби директорот на АЕК (Јетон Акику, ДУИ) проценил дека Емилија Костурски е најдобриот стручњак во Битола без кој институцијата нема да може да напредува, напиша на Фејсбук Антонијо Милошоски.
„ Интересно е што на августовскиот оглас во АЕК конкурирале г-а Костурски (завршен електро факултет) и еден помлад 35 годишен човек со завршен информатички факултет. Но, иако во огласот се бара соработник за информатички технолигии, сепак АЕК ја избира Емилија Костурски, што остава сомнеж дека конкурсот е наместен. Интересно е што на интервјуто во Агенцијата за администрација информатичарот добива 35 поени, а госпоѓата од СДСМ ги добива сите 40 поени, ни поен помалку од максимумот. Браво. Изгледа дека госпоѓа Костурски навистина е талент по информатички технолигии, само хејтерите би рекле дека огласот во АЕК е наместен за неа, а тоа што таа беше советничка и заменик-градоначалник на Битола од СДСМ веројатно е чиста случајност.
Сепак, решението на АЕК е обжалено и во следниот период останува да се види дали 35-годишниот дипломиран информатичар ќе успее да докаже дека неговата стручност е побитна од клиентелизмот на госпоѓата Костурски?“ напиша Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

