Македонија
Милошоски: По извршената контрола во Агенцијата за разузнавање, постои потреба од сериозно реформирање на безбедносните служби
Денес, како претседател на Комисијата за надворешна политика ги придружував колегите пратеници од Комисијата за надзор во посетата на Агенцијата за разузнавање, информира преку социјалните мрежи Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од страна на Агенцијата за разузнавање ни беа презентирани безбедносните процени за состојбата во Косово и во БиХ. Главно прашање поставено од група пратеници беше кои биле сознанијата и преземените дејствија на Агенцијата за разузнавање во врска со скандалот во Грција за користење на софтверот ‘Предатор’ за следење на комуникациите, а за кои има индиции дека се производ на македонската фирма ‘Сајтрокс’, која од неодамна беше ставена на црната листа на САД поради безбедносен ризик. Следна тема на интерес беше дали Агенцијата за разузнавање имале сознанија дека раководител на друга државна безбедносна агенција, надвор од законските овластувања, водел преговори со разузнавачка служба на соседна земја за набавка на опрема за следење на комуникациите во Македонија“, информира Милошоски.
Според него, добиените информации на овие две теми упатуваат на заклучок дека постои потреба од сериозни реформи во безбедносно-разузнавачкиот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

