Македонија
Милошоски: Продолжува владејачкото прекршување на Уставот, законите и на Деловникот на Собранието

Насилничкото и неделовничкото однесување и водење на Комисијата за политички систем од страна на претседателката Мираковска, но и од страна на владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ, продолжува со прекршување на Уставот, законите и на Деловникот на Собранието, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
„Гледаме дека претседателката Мираковска инсистира на тоа дека дневниот ред е усвоен и дека точката за расправа е отворена иако сме сведоци дека на минатата седница тоа не се случи. Зошто? Затоа што претседателката на Комисијата, Мираковска, најдобро знае дека пред какво било изјаснување за дневниот ред мора да праша, формално, дали некој од пратениците, членови или заменик-членовите на Комисијата има предлог-измени или дополнувања на дневниот ред, нешто што таа не го направи.
Ваквиот пропуст, дали е од незнаење или под притисок на владејачкото мнозинство, е нејзин проблем, но доколку продолжи на овој начин да се однесува и да ја води седницата на Комисијата, најавуваме дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на денешниот ден ќе поднесеме иницијатива за интерпелација за работата на претседателката Соња Мираковска и таа да биде разрешена од позицијата претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците“, рече Милошоски.
Тој нагласи дека ако Мираковска не е спремна да ги почитува Деловникот и законите, тогаш да биде спремна за интерпелација, која денеска ја најавија од ВМРО-ДПМНЕ доколку продолжи со вакво прекршување на Деловникот на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.