Македонија
Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски
Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски, пишува пратеникот, Антонијо Милошоски на социјалните мрежи.
„Георгиев беше судија во Врховниот суд, Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители. Дејствувале како тандем и наместо да раздаваат правда, тие продавале правда за пари. Продавале минимална затворска казна во замена за договорени 35.000€, за кривично дело недозволено производство и трговија на дрога. Парите од синот на клиентот ги земале во кеш. Ги фатија заради агилноста на новиот министер за внатрешни работи, а има индиции дека слична трговија “кеш за правда” направиле и претходно, со истиот клиент, но во друга конвертибилна валута.
Покрај шокот кај медиумите како за овој обвинитеско-судски тандем владеел кешот, наместо да владее правото, јавноста беше фрапирана и од леснотијата со која јавното обвинителство на чело со Коцевски потпиша скандалозно лесна спогодба со овие двајца криминалци. За судијата Георгиев казна од три години затвор (а според КЗ чл. 359, за примање награда за противзаконито влијание му се запретени од 1 до 10 години затвор), а Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители, доби само условна казна, иако законот запретува со затвор од 1 до 5 години.
Спогодбата со Мемети и Георгиев е скандалозна од неколку причини, а одговорноста за тоа е на товар на јавниот обвинител Коцевски.
Прво, пари за местење на пресуди не примиле ниту возачот во Врховниот суд, ниту портирот во Советот на јавни обвинители, туку двајца истакнати членови на овие правосудни установи, со големо влијание, со дводецениско искуство во правните работи и пред се функционери кои биле надлежни, одговорни и примале плата за совесно да го спроведуваат законот. Спогодбата која со амин на Коцевски е потпишана со овој судско-обвинителски крими тандем е лоша јавна поука за другите обвинители и судии, и го поткопува принципот на правични санкции што треба да спречат идни општествено-штетни дејствија во оваа фела.
Второ, државниот обвинител Коцевски и Иџет Мемети се познаваат долги години, а во времето на истрагата за стореното кривично дело заедно беа колеги, односно и двајцата беа членови во Советот на јавни обвинители. И бидејќи секоја можна спогодба за сторен криминал во предмет од интерес за јавноста се реферира пред државниот јавен обвинител, во овој случај Коцевски како колега на Иџет Мемети, требало заради објективна пристрасност да се изземе од предметот.
Трето, сериозно е прашањето зошто ЈО Коцевски не побарал Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал до судот да предложи мерка оддалечување од работа за веќе обвинетиот Иџет Мемети? И дали Коцевски знаел или можел да знае дека осомничениот Мемети токму во тој периот од човек од обвинителството добил навремена пријателска порака да го смени мобилниот апарат пред да му се изврши претрес?
И на крајот, една правничка дилема. Зошто обвинетите Иџет Мемети и Наќе Геориев во настанот не се поврзани како соизвршители, иако е очигледно дека во наплатата на “кеш за правда” делувале во тандем? Во настанот Мемети ја користел својата позиција како потпретседател на Советот на јавните обвинители и интервенирал за клиентот да биде донесена одлука од јавен обвнител, за разлика од Наќе Горгиев, судија во Врховен суд, кој во делото немал такви надлежности кон обвинителството, освен што го знаел лично оштетениот и со него ја договорил паричната награда. Оштениот знаел дека целата работа ја вршат двајцата обвинети, што лично му било потврдено од Иџет Мемети, но сепак од страна на обвинителството Мемети бил привилигиран, бидејќи за него е искористен е член 359 став 3 и став 2 од КЗ (со предвидена максимална казна до 5 години затвор), а тоа што биле блиски колеги со Коцевски е единствената “логика” тој да не одговра по ставот 7 од чл.359, во кој за примена парична награда казната е до десет години затвор. Значи има голема разлика во примената на правото кога обвинетиот му е колега и пријател на обвинителот Коцевски.
Сума сумарум, контроверзната спогодба и прениските санкции за крими тандемот Мемети-Георгиев, а аминувана лично од државниот обвинител, е еклатантен пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски. По се изгледа дека рушителите на репутацијата на ЈО не се надворешни актери, туку се внатре во самото обвинителство. Заради овој случај, но и неколку други, истиот треба да си поднесе оставка или да биде разрешен од Собранието“, се вели во статусот на Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

