Македонија
Милошоски: Царовска да ги послуша родителите, квалитетно образование мора да има
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната посета во општина Свети Николе во однос на дигитализацијата на учебниците истакна дека аргументите на родителите се посилни од аргументите на министерката Царовска и затоа препораката до министерката Царовска е да ги послуша родителите коишто имаат целосно право да се грижат за квалитетно образование за нивните деца. Според него, образованието мора да се грижи да има реална физичка настава за учениците што поскоро.
„Од она што го гледаме во јавноста нашето мислење е дека аргументите на родителите се посилни од аргументите на министерката Царовска и затоа нашата препорака е министерката Царовска да ги послуша родителите коишто имаат целосно право да се грижат за квалитетно образование за нивните деца и овој закон треба да има јавна расправа и да се слушне стручната јавност родителите и наставниците, а не да биде политички проект на министерката Царовска затоа што постојат шпекулации дека ова го прави од лукративни причини веројатно поврзани со некоја фирма којашто е хрватска фирма и со којашто можеби имаат некакви однапред утврдени планови за некои материјални интереси поврзани со процесот на дигитализација, но нашето мислење е дека книгата треба да остане конвенционалниот метод што ќе доминира во образованието на учениците и дека образованието мора да се грижи да има реална физичка настава за учениците што поскоро“, истакна Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

