Македонија
Милошоски: Чачорова-Илиевска да си поднесе оставка бидејќи не ги почитува законските одредби
На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски истакна дека структурата на извештајот за работата на ДКСК за 2023 година е солидно направен и ги опфаќа сите надлежности на комисијата но апелираше дека не постапувањето на Републичкиот судски совет е тотално разочарување и како колективен орган и како персонални решенија, а споменатата Чачорова Илиевска би требало да си поднесе оставка а тоа да биде еден чекор кон можната и потребна реформа.
„Во извештајот, актуелен е овие денови делот каде што антикорупциската комисија се осврнува на политичките критериуми на реформата на јавната администрација, на правосудниот систем и на борбата против корупцијата. Во делот на правосудниот систем пишува дека не е постигнат напредок во правосудството судскиот совет треба да се заложи на заштита на интегритетот и независноста на судиите“ кажа Милошоски и додаде:
„По однос на извештајот на ДКСК за 2023 година ценам дека има сериозни заклучоци кои што можат да послужат на многу институции како упатство за постапување, за подобар резултат во борбата против корупцијата, но во однос на не постапувањето на републичкиот судски совет тоа е тотално разочарување и како колективен орган туку и како персонални решенија споменатата Чачорова Илиевска би требало да си поднесе оставка а тоа да биде еден чекор кон можната и потребна реформа која што собранието и сите институции треба да ја направат, бидејќи со ваков состав на републичкиот судски совет не верувам дека може да се постигне со истите луѓе да се постигнат различни резултати“ нагласи Милошоски.
Милошоски апелираше дека неопходна е реформа во Републичкиот судски совет а Татјана бидејќи не ги почитува законските одредби.
„Да апелирам ние како пратеници да го употребиме ова како аргумент за да се засили притисокот за нужната реформа во Републичкиот судскиот совет, без целосна темелна реформа во судскиот совет на Македонија ние можеме секои три месеци да разгледуваме извештаи на ДКСК и нема да го постигнеме посакуваниот ефект доколку овие персонални решенија за кои што сметаме дека треба да има индивидуална одговорност, ако советничката на Зоран Заев за правни работи Чачорова Илиевска и во следниот период дава вакви соопштенија дека нема случај таму каде што има случај и не одговара со аргументи таа само ќе ги дерогира напорите и на собранието и на ДКСК и Обвинителството за постапување по одредени предмети каде што имаме судски документирани одлуки дека се прекршени битни закони од страна на судиите“ нагласи тој.
Побара оставка од Чочорова Илиевска и кажа дека не се работи за експерт туку се работи за партиски профилирана личност која што освен партиската определба нема доволен правен капацитет за да може да се носи со обврските како член во Републичкиот судски совет.
„Татјана Чачорова Илиевска би требало да си поднесе оставка од местото член на Републичкиот судски совет бидејќи нејзе и се поблиски и подраги судиите и колегите во академијата за судии и јавни обвинители отколку што и се битни законските одредби. Личностите кои што сметам дека не треба да членуваат во вакви високи институции се аргумент зошто е неопходна реформа на Републичкиот судски совет е тоа што Татјана Чачорова Илиевска која што работела како адвокат и била правен советник за правни работи на поранешниот премиер Зоран Заев не ги чита ниту начелните правни мислења на Врховниот суд што е нејзина задача. Нејзината биографија доволно кажува зошто таа постапува на ваков начин се работи за член на судски совет кој што од 2017 до 2020 е посебен советник за правда во канцеларијата на поранешниот премиер Заев, претходно била владин претставник во одборот на Телеком Управен одбор кој што има многу високи паушали, била и претседател на правната комисија на СДСМ во време кога Заев беше претседател на партијата“ истакна Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

