Македонија
Минатата недела бројот на заразени од коронавирус е намален за 17,3 проценти
Во периодот од 29 ноември до 5 декември тестирани се вкупно 16.948 материјали во лабораториите во кои се спроведуваат молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,8 отсто во однос на минатата недела.
Во извештајот што денеска го објави Институтот за јавно здравје се наведува дека во овој период регистрирани сe 2.275 нови позитивни случаи од 35 града во државата, со намалување од 17,3 отсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8 до 19 проценти, просечно 13,1 отсто. Повеќето од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.000; 43,9 отсто) со неделна инциденца – 157,7/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 324,6/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=92; четири отсто). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.215 (53,4 отсто) лица од женски и 1.060 (46,6 отсто) од машки пол.
Статус оздравени стекнале 2.540 лица што биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 40 реинфекции, со намалување од 9,1 отсто во однос на претходната недела.
Пријавени се 68 смртни случаи во 18 града во текот на изминатата недела, со намалување од 30,6 отсто во однос на претходната недела. Повеќето од нив се од Скопје (27). Во однос на возраста, најголем број (n=54; 79,4 отсто) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години (10), од 40 до 49 години (1) и од 30 до 39 години (3).
ЛИНК до целиот извештај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

