Македонија
Министерката Петровска во работна посета на САД, средби во Пентагон и во Стејт департментот
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, наш сојузник и повеќедецениски стратешки партнер, каде што ќе се сретне со високи официјални претставници на Пентагон и на Стејт департментот, извести Министерството за одбрана.
За време на посетата, министерката ќе ја реафирмира одличната одбранбена соработка помеѓу двете земји, која се одвива преку континуираните програми за поддршка на одбранбените реформи, процесот на модернизација и опремување, кој е поддржан и од американска страна.
Министерката Петровска и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, во јуни годинава во Вашингтон го потпишаа патоказот за соработка за периодот 2023 – 2033 година, кој дава насоки во кои рамки ќе се развива веќе етаблираната и исклучително важна македонско-американска соработка.
Во досегашната соработка, од 1996 година САД ја поддржаа македонската одбрана со над 330 милиони долари, од кои над 135 милиони само во последната година, што ја покажува посветеноста на нашиот стратешки партнер во развојот на капацитетите на Армијата на Република Северна Македонија, се додава во соопштението на Министерството за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

