Македонија
Министерот Адеми оствари средба со дебарската дијаспора во САД

Министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска острави средба со претставници на дебарската дијапора на која тој, меѓу другото, информирал за добрите услови што ги нуди Владата за инвестиции на иселениците.
Според раководството на татковинското здружение на дебарските иселеници во САД – „Дибра“, министерот информирал и за значењето на гласањето на дијаспората за време на избори, културниот идентитет на иселениците, како и за потребата од зголемување на кадрите на иселениците.
Од страна на претставниците на раководството на здружението на дебарските иселеници во Њујорк била нагласена потребата од побрзо добивање на потребните лични документи во дипломатските и конзуларните претставништва на Македонија во САД, но и загриженоста на иселениците за загаденоста на нивниот роден град Дебар, која се чуствува кога тие пристигнуваат на летен одмор во текот на јули и август.
Исто така, била искажана и желбатра за нивни инвестиции во Македонија. Бројот на дебраните во САД, според дебарското здружение, е над 15 илјади, а најголемата концентрација на дебарски иселеници има во Њујорк.
К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.