Контакт

Дијаспора

Министерот Адеми на средба со здруженијата на Македонците во Албанија

Објавено пред

Амбасадорот Данчо Марковски, заедно со македонски организации во Албанија, во просториите на македонската амбасада во Тирана го пречека министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

dobivaj vesti na viber

Присутните го поздравија и му честитаа на министерот Адеми за честите средби со дијаспората и подготвеноста за поддршка на Македонците кои живеат надвор од границите на земјава. Здруженијата на Македонците во Албанија, исто така, укажаа и на проблемите со кои се соочуваат и побараа од министерот Адеми и соработката со релевантните институции на Република Албанија да го поттикнат интересот и да инвестираат во општините каде што Македонците се мнозинство.

Адеми истакна дека посебно ќе се посвети на нивните барања и ги потсети дека битно е што веќе е воспоставена стратешка соработката меѓу државата и дијаспората и со тоа реализацијата на активностите и другите работи ќе бидат полесни. Амбасадорот Марковски им посочи на македонските здруженија кои работат во Албанија да бидат конкретни во своите проекти, да се приклучат, укажувајќи им дека амбасадата е отворена за идна соработка и поддршка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Дијаспора

Муцунски се сретна со македонските иселеници  во Шведска

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, се сретна со претставници на дијаспората и со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во Шведска.

dobivaj vesti na viber

„Посетата на црквата ’Св. Наум Охридски’ во Малме и средбата со македонската заедница, како прв министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија во оваа црква, беа можност за разговор за нивните иницијативи, предизвици и очекувања. Се разговараше и за владините политики насочени кон унапредување на односите со дијаспората, при што беше потврден значајниот придонес на македонската заедница во јакнењето на односите меѓу двете држави. Во шведскиот град Трелеборг, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, министерот Муцунски се сретна со македонски стопанственици кои успешно делуваат во Шведска. Во фокусот на средбата беа можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, јакнењето на економската соработка и активната улога на дијаспората во економскиот развој на државата“, известија од Министерството за надворешни работи.

Утре министерот Муцунски предвидено е да има средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергрард.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Муцунски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Објавено пред

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој е гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ напиша Муцунски во објавата на социјалните мрежи. Тој натпреварот го проследи заедно со неколку успешни македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е можност за зајакнување на врските со нашите иселеници, кои имаат значајна улога во градењето мостови на соработка. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн, истакнувајќи дека црквите се важен столб за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA), водечка организација во Австралија посветена на обезбедување индивидуализирана грижа за постари лица, со акцент на културната компетентност и инклузивноста. Како заеднички ориентирана организација, MCWA нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи програми за добросостојба и рехабилитација, следејќи ги најдобрите практики и регулаторни стандарди.

dobivaj vesti na viber

 

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија6 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија10 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ11 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија11 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија12 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија13 часа

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет13 часа

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија13 часа

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија14 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија15 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија15 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион15 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ17 часа

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа17 часа

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија18 часа

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија1 ден

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...