Македонија
Министерот за култура на средба со студенти од Интернационалниот балкански универзитет
Министерот за култура, Асаф Адеми, вчера, во просториите на Министерството за култура, оствари куса средба со професорот Бејтула Демири од Интернационалниот балкански универзитет, а на неа беа присутни и студенти од овој Универзитет.
За време на средбата министерот Адеми ја претстави работата и активностите на Министерството за култура.
Оваа средба на студентите од одделот по политички науки на овој Универзитет беше дел од нивната практична работа за запознавање на функционирањето на институциите во Република Македонија, соопштуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи, кои поради продор на постудена воздушна маса ќе бидат претежно од снег. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во деновите од викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Скопје
Зелениково, Кисела Вода и Сарај денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај.
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Орешани, како и корисниците од викенд населба Орешани во општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Саса – крак 2 и крак 4 во општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од село Љубин лоцирани на потегот од УКА Комерц до гробиштата, како и корисниците лоцирани околу џамијата во непосредна близина, општина Сарај.