Македонија
Министерот Садула Дураку се правда дека не се изразил јасно кога рекол дека не се занимава со граѓаните

Министерот за животна средина, Садула Дураку, се оправда и вели дека жали што не бил доволно јасен во својот одговор дека тој не се занимава со граѓаните.
„Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните. Во таа насока Владата ја дефинира борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураку во својата изјава за медиумите ја потенцира Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејства. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Министерот на прашање за коментар за најавите за тужби против државата поради непреземање мерки против загадувањето на воздухот рече: „Сега јас не се занимавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мециновиќ: Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Левица кој влезе во вториот круг на Локалните избори им се заблагодари на граѓаните кои му ја дале поддршката и посочи дека искреноста и креативноста и натаму допираат до луѓето.
„Скопјани мои најмили, ви благодарам од сѐ срце, за сите кои го дадоа својот глас, сите волонтери и активисти, сите кои агитираа, споделуваа и крајно веруваа дека Скопје заслужува повеќе. Она кое го изградивме во изминатите недели е показател дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето.
Почнавме, додава тој, со замисла дека политиката може повторно да делува човечки.
„Сега кога веќе дојдовме до вториот круг, изборот е јасен: стариот систем кој го истроши градот и новиот кој заедно го градиме, кој ќе го стави колективниот интерес пред партискиот. Ова движење никогаш не се однесуваше на мене како кандидат, туку на сите скопјани кои одбраа да се надеваат наместо да се предадат.
Надежта ќе ја претвориме во реалност во овој круг – со храброст, достоинство и неизмерна љубов кон сопствениот град.
Скопје се разбуди. Сега сопствените соништа ќе ги види на јаве“.
Македонија
Ги избркал родителите од дома и им се заканувал со нож оти одбиле да му дадат пари: 29-годишник од Челопек осомничен за насилство

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 29-годишник од Челопек, на 16 октомври, ја загрозил сигурноста на сопствените мајка и татко кои насилно ги избркал од дома, заканувајќи им се по живот затоа што одбиле да му дадат пари. Родителите се засолниле во домот на вујкото, но за кратко време осомничениот дошол и со нож на расклопување во раката се обидел насилно да влезе во куќата, во која имало и други членови на семејството, меѓу кои и две деца. Викал и агресивно се однесувал во дворот, се заканувал на сите присутни и пробал со сила да ја отвори вратата, поради што една од оштетените жени со децата на возраст од 6 и 1 година преку прозорец ја напуштиле куќата. Осомничениот успеал да ја скрши вратата и да влезе, а кога сопственикот на куќата се обидел да го смири, тој го прободел со ножот и му нанел телесна повреда, по што се дал во бегство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи како што појаснуваат од таму постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори насилничкото однесување.
Македонија
Николоски: Противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош е на црната листа на САД и осуден за криминал во општината, сигурен сум дека граѓаните нема да гласаат за таков човек

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, посочи дека противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на црната листа на САД.
„И да не забораваме тој е веќе осуден од Основниот суд за криминал во општината, така што тој е човекот којшто е нашиот противкандидат во Карпош и затоа сум убеден дека во Карпош имаме убедлива победа“, кажа Николоски.
Посочи дека е сигурен дека граѓаните нема да гласаат за човек којшто веќе е осуден за криминал, и којшто е на црната листа на САД, повторно заради криминал и корупција.
„И човек којшто всушност ја уништи општина Карпош, особено урбаниот дел, може сите да видиме на што личи Карпош сега, а сите се сеќаваме на што личеше пред неговите мандати како градоначалник“.