Македонија
Министерот Филипче: Денес не постои пацинет кој го нема потребниот лек
Реформите во здравството воведени во изминатите години, сериозно придонесуваат кон овозможување поквалитен живот на пациентите кои се снабдени со потребните лекови, како и на медицинскиот кадар со зголемување на платите и подобри услови за работа, заклучи министерот за здравство Венко Филипче, на денешната трибина на тема здравство којашто се одржува во Куманово.
Филипче потенцираше дека укинувањето на квотите за лекови, што стартуваше прво во туристичките градови, а од октомври 2019 година и на цела територија на државата значително придонесе и за издавање на помал број на рецепти од страна на матичните лекари. Тие сега повеќе може да се посветат на пациентите без да размислуваат како да ги снабдат со потребни лекови, рече Филипче.
Министерот за здравство потсети на лимитираниот пристап до лековите за пациентите со ретки болести, кои дури лично чекале пред болниците да го добијат потребнниот лек.
„Сега нема пациент кој го нема потребниот лек. Буџетот за оваа намена се зголеми за два пати. Лековите значително го подобруваат животот на овие пациенти. Многу деца ги добија потребните лекови, меѓу нив е и Јане кој сите го знаете. Направивме искечор напред и со пациентите на инсулинска терапија. Увезовме квалитетен инсулин и воведовме три нови видови на инсулини. Квантен скок напред имаме и кај пациентите со хемофилија. Воведовме нов лек и сега наместо тие пациенти да одат во амбуланта три пати неделно, сега поткожно ја примаат терапијата само еднаш месечно. Замислете каков драстичен скок во квалитет е тоа, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

