Контакт

Македонија

Министерството за труд: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува деца за политички цели

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика известува дека во врска со случајот на „претепано 10-месечно дете во градинка во Гевгелија“ како што тоа беше пренесено од медиумите, а изјавено од член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на своите надлежности спроведе вонреден инспекциски надзор.

dobivaj vesti na viber

„Од страна на инспекторите на терен, а согласно дадените изјави на негувателките во групата на деца каде што е посочен немилиот настан, детето се стекнало со гребнатинки при пад во игра со останатите деца. Гребнатините веднаш биле санирани од негувателките, а детето продолжило со вообичаените активности, како и сите деца во групата. Мајката била известена за настанот при преземањето на детето од установата, со оглед на проценката на негувателките од нивната досегашна практика дека се работи само за гребнатинки. Директорката на установата била известена за настанот, од страна на негувателките истиот ден. При увид во листата за евиденција на присутни деца, детето од следниот ден не ја посетува градинката, од причина што по претходна најава кај негувателките од страна на родителите отпатувало со мајката во странство“, се истакнува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Директорката на Јавната општинска установа за деца- детска градинка Детска радост –Гевгелија, додаваат од таму, поднела предлог за поведување  дисциплинска постапка против негувателките и донела решение за формирање н комисија за утврдување  повреда на работната дисциплина.

При вонредниот инспекциски надзор било утврдено дека директорот на Јавната општинска установа за деца- детска градинка Детска радост –Гевгелија, постапил согласно одредбите од Законот за заштита на децата.

Министерството за труд и социјална политика остро ги демантира изјавите на член на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ дека се работи за „брутално претепано дете“ и силно укажува на тоа дека децата не смеат да се користат и злоупотребуваат за политички цели. А ширењето трав, манипулација и чувства на вознемиреност и несигурност кај граѓаните се познат начин на делување на ВМРО-ДМНЕ, велат од оваа институција.

Според министерството и градоначалникот и Советот на Општина Гевгелија, кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, во делокруг на своите законски обврски како основач на установата, во неколку наврати го прекршија Законот за заштита на децата, заземајќи ставови и носејќи одлуки спротивни на законот и интересите на граѓаните, а спроведување на законот е нивна законска обврска, утврдено од инспекциските служби.

Министерството за труд и социјална политика, како надлежно за областа заштита на децата, преку вршење  инспекциски надзор, посочуваат од таму, неколкупати даде укажувања за постапување во рамки на законот на Градоначалникот на општина Гевгелија и на Советот на Општина Гевгелија со оглед на фактот дека беа констатирани материјални и процедурални недостатоци во нивната работата и кршење на одредбите од Законот за заштита на децата.

„Поради не постапување на градоначалникот на општина Гевгелија и Советот на општината, по дадените укажувања Министерството за труд и социјална политика согласно закон на градоначалникот на Општина Гевгелија и Советот на општина Гевгелија им одзема надлежности поврзани со донесување  одлуки од нивна страна во делот на детската заштита и непречено одвивање на процесот згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст во ЈОУДГ Детска тадост Гевгелија , меѓу кои и одземената надлежност за избор на директор, за кој градоначалникот на Општина Гевгелија не изврши избор по претходно законски спроведена процедура во определениот законски рок. Напоменуваме дека директорот на установата од страна на Министерството за труд и социјална политика е именуван согласно одредбите од Законот за заштита на децата“, се додава во соопштението од министерството.

Заложбите отсекогаш биле и ќе останат приоритет за обезбедување безбедни услови за згрижување на децата во предучилишните установи, потенцираат од Министерството за труд и социјална политика.

Македонија

Џафери: Северна Македонија, европска земја со европски вредности и стандарди за сите граѓани

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, денеска присуствуваше и се обрати на гала настанот со кој се одбележува отворањето на новата музичка сцена во Тетово, односно, основањето на најновата институција на Албанците, Националната установа Музички ансамбл на Република Северна Македонија – Тетово.

dobivaj vesti na viber

Основањето на оваа установа претставува реализација на долгогодишното барање на кадрите кои откако ќе завршеа факултет по музика, немаа каде да го продолжат својот професионален пат. Сега, во рамките на оваа установа во која ќе се негува и развива вокалната и инструменталната сериозна музика, како и популарната и џез музика, ќе можат да го негуваат и усовршуваат својот талент и својата пасија сите љубители на овој жанр, соопшти Владата.

Премиерот Џафери имаше свое поздравно обраќање на настанот и притоа, истакна дека „оваа национална културна институција ќе го збогати културниот живот во Тетово, меѓутоа и во земјата“.

Меѓу другото, пЏафери информираше за одлуката на владината седница на предлог на Министерството за култура со која на оваа установа и се доделуваат на трајно користење простории кои се сега во државна сопственост, и додаде дека – „со основањето на Музичкиот ансамбл, придонесуваме кон подобрувањето на демократската рамноправност во нашата заедничка држава, Република Северна Македонија и во оваа област од општествениот живот“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лукаревска од Кочани: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Објавено пред

“На 8 мај само вие, со моќта на вашиот глас одлучувате во каква држава ќе живееме сите, ве повикувам на масовен одзив на двојните избори, на активно учество во креирањето на сопствената иднина бидејќи во демократијата најчесто гласовите на оние кои не излегуваат на гласање го одредуваат победникот. На дофат ни е членството во Европската унија, не дозволувајте да не тргнат од тој пат, алтернативата на тој пат е погубна за Македонија. И сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат и да не забораваме дека секогаш најтешките битки ги водел СДСМ, од осамостојувањето до денес, рече вечерва во Кочани Сања Лукаревска, носителка на листа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во третата изборна единица.

dobivaj vesti na viber

СДСМ е одговорна, граѓанска, државотворна партија. Секогаш сме тука и за државата и за граѓаните и во добро и во лошо, тоа е патриотизам, како што е патриотизам да ја преземете одговорноста за тешките одлуки во тешки времиња, рече Лукаревска.

“ Немам намера да ги покривам или минимизирам нашите пропусти, не ги сокриваме под тепих и не ги подметнуваме на друг и никогаш не сме дозволиле државата да биде на коленици, никогаш. И во оваа изборна програма наш приоритет над приоритетите е стабилна, безбедна, сигурна и просперитетна Македонија чии граѓани ќе имаат предвидлива, спокојна иднина. Следете нè, не се откажуваме, тргнавме по патот на трпението, пат без насилство, со разум, со работа и дијалог до богата држава со задоволни граѓани и затоа на 8 мај, заедно, за број 1 и во Кочани и во третата изборна единица и во целата држава”.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски: СДСМ е обединета и силна партија, секогаш на браникот на татковината

Објавено пред

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Кочани им порача на присутните дека СДСМ е силна партија, која секогаш била на браникот на татковината, подготвена да се бори за граѓаните и иднината на државата.

dobivaj vesti na viber

„Оваа партија, на чело со Киро Глигоров, ја внесе Македонија во Обединетите нации. Со СДСМ, Македонија во 2005 стана земја – кандидат за членство во ЕУ. СДСМ, заедно со вас граѓаните го сруши режимот на ВМРО, режим кој 11 години ја блокираше нашата европска иднина. СДСМ и граѓаните се заслужни што Македонија стана рамноправна членка на НАТО, а СДСМ и коалиционите партнери се исто така единствено заслужни што Македонија пред 2 години ги започна преговорите со ЕУ. Сите овие беа тешки, но правилни одлуки за Македонија. Не се откажавме ни тогаш и нема да се откажеме и сега“, изјави Ковачевски.

Ковачевски вели дека тоа биле тешки, но правилни одлуки за Македонија и дека и сега како и тогаш, нема да се откажат од визијата за европска Македонија, со европски животен стандард, почитување на европските вредности и европските правила на игра.

„ Не се откажавме и во изминатите неколку години, за време на тешка здравствена, енергетска и економска криза, не ги оставивме граѓаните на цедило во ниту еден момент. Ниту еднаш. И покрај кризите ги зголемивме платите двојно, а пензиите за над 50%, ги заштитивме работните места, заштитивме 80.000 работни места во 20.000 компании во кои вие работите, обезбедивме 2,6 милијарди евра за антикризни мерки и ги заштитивме најранливите групи на граѓани. Не се откажуваме од Македонија во ЕУ! За тоа говори и тоа што нашиот план за европска Македонија е преточен во конкретна и остварлива програма“, вели Ковачевски.

Ковачевски додава и дека ќе работат на зголемување на платите и пензиите, на создавање на поволности на младите, но и дека планирааат рекордна помош за земјоделците, во висина од 1.35 милијарди евра.

„ Но има една работа која ја знаете и вие ја знам и јас а тоа е дека мора да има конечна и одлучна борба против злоупотребите, неправдите и системската корупција од која не можеме да кренеме глава повеќе од 30 години. И од тоа нема да отстапиме Или ќе воведеме ред, еднаквост и правда за секој подеднакво, без разлика дали е премиер, министер, пратеник, директор или обичен граѓанин. Или тоа или нема да нè биде! СДСМ е современа, прогресивна партија и единствена политичка сила која вистински може да ја однесе Македонија во Европската Унија“, порачува Ковачевски и додава дека Македонија мора да чекори по европскиот пат, затоа што тоа единствениот начин за суштински промени во државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија4 часа

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион6 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија9 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија11 часа

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија12 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија14 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија15 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет16 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа16 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет16 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија1 ден

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија1 ден

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија1 ден

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија1 ден

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија2 дена

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија2 дена

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет2 дена

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет2 дена

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...