Македонија
Министерството за правда: Остануваат клучните разлики за СЈО, консултациите ќе продолжат
Вчера била одржана средба на која се разгледувал последниот законски текст за Јавното обвинителство, јави Министерството за правда.
Оттаму преку сооопшение не посочија кој присуствувал на средбата, но истакнаа дека двете страни се согласиле консултациите за законот да продолжат бидејќи клучните разлики и понатаму се присутни.
„Уште еднаш потенцираме дека сите политички партии треба да дадат приоритет на европската перспектива на нашата држава земајќи ги предвид препораките на Европската Унија и меѓународната заедница, кои се однесуваат на владеење на правото и правната држава, а кои се клучни за отпочнување преговори со Европската Унија“, велат од Министерството за правда.
Премиерот Зоран Заев вчера во изјава за медиумите рече дека дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО е прифатен. Заев дополни дека бомбите нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година. На неговата изјава реагира опозицијата, од каде што истакнаа дека тоа не е вистина и рекоа дека очигледно Заев го немал прочитано новиот предлог што министерката за правда, Рената Дескоска, го доставила до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

