Македонија
Министерство за првда: Не е вистина дека Лога игнорирал прашање и новинар
Од Министерството за правда демантираат дека министерот Кренар Лога на денешниот настан игнорирал новинар и прашање поставено на македонски јазик. Оттаму велат дека министерот има отворен однос со медиумите и секогаш дава брзи одговори на секоја тема.
Во продолжение демантот во целост:
„Со огромно жалење сакаме да ги демантираме лажните вести според кои министерот за правда Кренар Лога, наводно игнорира новинар и прашање поставено на македонски јазик. Во кпнкретниот случај, министерот Лога одговори дека прашањето треба да се шостави до Управата за водење матични книги како најповикувана инститиција. На истиот настан за сите други прашања, министерот Лога го повика новинарот да дојде во негова канцеларија за секакви други прашања надвор од денешната тема.
За пристапот на министерот Кренар Лога кон медиумите и новинарите, најдобар одговор е неговиот отворен однос, подготввеноста и учеството на пресс конференции, емисии како и на брзите одговори на секоја тема со интерес за јавноста, а за ова можат да сведочат сите новинари кои го следат секторот и активностите на министерсвото“ се вели во демантот од министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла и намалена видливост од Тетово до село Гајре
Поради појава на магла, се бележи намалена видливост од 40 метри од Тетово до с. Гајре.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Од 15.11.2025 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова осебено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат т.н. економски работници
Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени економски работници, изјави Симона Цветановски од СДСМ.
Таа вели дека според договорот што го објавиле британските медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување и дека мора да им се плаќа, без разлика дали има или нема работа.
„Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците, ниту пари за поголеми пензии за пензионерите. Не, тоа не се мигранти, ова се ‘економски работници’. Токму затоа и го сменија Законот за странците. Со измените се олеснуваат условите за доаѓање, престој и работа, се скратуваат процедурите, се продолжува времетраењето на дозволите и се создава правна рамка за долгорочно задржување во државата. Ако има ‘стратешки парнер’ секако“, рече Цветановски.
Македонија
(Видео) Петрушевски: ЕСМ било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од надзорниот одбор
ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.
Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во секоја пора од општеството цветаше корупција и криминал.
Затоа СДС и ДУИ молчат и не се оградуваат од местените тендери вредни 8 милиони евра во ЕСМ Снабдување со топлина и испраните 2 милиони евра кој завршиле во нечив џеб“.
Петрушевски прашува каде завршиле овие 2 милиони евра, дали кај структури блиски до врвот на СДС или во ДУИ? Дали лица од тогашниот врв на СДС и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот?
Јавноста, додава тој, заслужува одговори и заслужува да види како СДС и ДУИ раководеа со државните институции.
„ЈО треба да постапи транспарентно, независно и одговорно. Правда мора да има“.

