Македонија
МИОА: Потребни се конкретни промени во јавната администрација
Министерството за информатичко општество и администрација се согласува со насоките на Народниот правобранител, Иџет Мемети, дека се потребни конкретни и промени во јавната администрација.
Од МИОА наведуваат дека усвоената Стратегија за реформа на јавната администрација (2018-2022), предвидува јасно дефинирани мерки и активности за целосна деполитизација, професионализација и дигитализација на јавната администрација. На овој начин, велат од таму, ќе обезбедиме јавна администрација која е во служба на граѓаните, администрација која брзо, едноставно и евтино ќе одговори на потребите на сите граѓани.
„Јавната администрација изминатиот период беше користена како алатка за остварување на политичката агенда на претходната власт. За промена на реалната состојба во тој дел, но и на прецепцијата на граѓаните потребни се долгорочни промени. Министерстовото за информатичко општество и администрација во втората половина на 2018та година, ќе отвори широка јавна расправа за измени во Законот за административни службеници. Како што предвидуваме и во Стратегијата за реформа на јавната администрација, овие промени за кои ќе се согласни сите засегнати страни ќе се случат во текот на 2019 година“, велат од МИОА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

