Македонија
Мисајловски: Велат дека се транспарентна влада, но скандалот со вакцините сакаат да го скријат под тепих
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, околу написите во весникот „Ла Верита“ поврзани со набавката за вакцините изјави дека тоа е огромен скандал кој, како што кажа, власта пробува да го стави под тепих.
Според него, наводите за обиди да се потпише договор со фантомски фирми се предзнак дека целта била заработка на многу пари од вакцините, кои, како што кажа, населението едваj ги чека.
„Велат дека се транспарентна влада, но пробуваат некако под тепих да го стават сето ова. Излегоа многу информации, шпекулации во весниците, во медиумите, но власта гледа некако да се извади од сето ова и слушнавме едно бедно соопштение или изјава, дека не се потрошиле пари за таа намена. Но тие пробале, тоа е најголемиот проблем, тие пробале преку фантом компанија, некоја од Хонгконг или не знам од каде, којашто не работи воопшто со фармација, со вакцини, да набават вакцини. Зошто го направиле тоа? Што сакале да постигнат? Јас еднаш во минатото кажав дека секогаш кога сакате да земете голема количина од овие вакцини мора да потпишете договор со компанијата, односно државата мора да потпише договор со компанијата. Зошто пробувале оваа власт или неколкумина од власта да потпишат некои договори со фантомски фирми и дали е тоа предзнак дека сакале да заработат многу пари од вакцините што населението едвај ги чека? Тоа се прашања на кои треба да дадат одговор овие од власта, но јас ќе им кажам една работа, да внимаваат што кажуваат и да не претеруваат со лажење бидејќи уште многу работи допрва ќе испаднат“, истакна Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.

