Македонија
Мисајловски: Владејачкото мнозинство денес ги одби сите предлог-закони што ги доставивме

Владејачкото мнозинство денес ги одби сите предлог-закони што ги доставивме како пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и за основно образование, за здравствена заштита, за служба во армија и за тутун, соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
„Владејачкото мнозинство денес ги обди предлог-законите што ги доставивме како пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои се :
-Законот за основно образование со кој бараме предметот ИСТОРИЈАТА да биде посебен предмет.
-Законот за здравствена заштита со кој се предвидува рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид-19 во приватните болници. Дополнително, предложивме оние кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство. Исто така, предложивме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.
-Предлог-законот за служба во армијата за поголеми поволности, поголема опремнина, како и подобри услови за пензионирање.
-Законот за тутун да им се помогне на тутунарите веднаш, односно додека не се откупи целиот тутун произведен во Македонија да не смее да се врши увоз од други земји“, соопшти Мисајловски на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство. Ова, како што соопштија денеска генералните директори на Фондот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов е една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието.
– Измените предвидуваат вклучување на БПО во основниот пакет на здравствени услуги, зголемување на шест наместо три обиди за БПО на товар на Фондот и усогласување на ослободувањето од партиципација, истакна Клековски.
Дополнително, рече, Фондот го скрати времето на одлучување од три месеци на две недели.
– Фондот го дигитализираше процесот во оваа фаза кон барателите, вклучувајќи го ваучерот за БПО, но и поедностави дел од адиминистратицниот процес, потенцира Клековски.
Новина е, информираа директорите, и тоа што се олеснува лекувањето во странство.
– Се применуваат препораките од Државниот завод за ревизија. Второстепената комисија ќе одлучува само по жалби, не повеќе и по мислење на Првостепената комсија со што се скратува процесот и обезбедеува двостепеност. Рокот за одлучување се скратува од 45 на 30 дена, а се брише и склучување договори со странски болници поради неприменливост, нагласи Клековски.
Според ФЗО, се поголем број брачни парови и поединци се соочуваат со проблеми при зачнување, а успешноста на третманот често се зголемува со зголемениот број обиди.
Македонија
За нова лична карта, возачка дозвола и пасош граѓаните можат да закажат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.
-Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви да закажат термин за следните услуги: издавање лична карта, издавање пасош и издавање возачка дозвола. Процедурата е едноставна и достапна од кој било електронски уред, наведува Министерството.
Воедно додава дека со оваа иницијатива продолжува мисијата да ја дигитализира јавната администрација и да обезбеди поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги за сите граѓани.
Македонија
Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30 изгаснати.
Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи, активните пожари се во Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума), Општина Велес – с. Џидимирци (мешана шума) и Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки).
Под контрола се пожарите во Македонски Брод – с. Слатина (мешана шума), Македонски Брод – с. Слатина, Слатински извори (нискостеблеста мешана шума), Чучер Сандево – с. Блаце – с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар), Долнени 1 – с. Црнилиште (депонија) и Долнени 2 – с. Дебреште (депонија).