Македонија
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат, ќе бидеме браникот на националните интереси
„Сакам да се заблагодарам на целиот мој тим, на сите граѓани што доаѓаат на овие средби. Ние сме повторно во Гази Баба. Поминавме доста недели на терен, поминавме како партија, како ВМРО-ДПМНЕ преку 800 населени места, села, општини, маала. И навистина убаво е да се разговара со граѓаните“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски при теренска посета насловена „Ова е Македонија за сите“.
Мисајловски додаде дека би сакал да го поздрави градоначалникот на Гази Баба, но исто така градоначалникот на Ѓорче Петров, градоначалникот на Бутел, сите градоначалници во изборната единица два што се од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи навистина има разлика кога ќе се отиде на терен. Навистина има нови проекти, може да се види насекаде дека се гради нешто ново, нови спортски игралишта, нови терени, нови улици, и тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас навистина од се срце им благодарам што тоа го прават. Но, многу е важно и што во многу населени места постојано потенцираат што следно ќе прават наредните години и што планираат сега. И заедно со нивните тимови, со сите советници покажуваат дека сме многу различни и тоа е за пофалба. И мене ми е драго што со сите нив трчавме кампања, трчавме за граѓаните да видат разлика и тоа се случува. Но, исто така драго ми е што секој ден може да ги разговараме сите тези, сите проблеми, да ги објаснуваме нашите тези, но и да ги слушнеме граѓаните што нив ги мачи. Но и да слушнеме мислење и коментари“, појасни Мисајловски.
Тој посочи дека моментално има турбулентно време каде што граѓаните навистина се разочарани од секојдневието, особено од економијата, од здравството, од образованието. Може да се види дека први наслови на сите вести се каде се бркаат доктори од клиники, каде што Македонија има руинирано здравство, каде што нема учебници за дечињата, нема доволно проекти итн.
„Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со овие средби, но и секако да ги каже нашите ставови по главните прашања. Сакам да го потенцирам ова е тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаква уцена под бугарски диктат. Ние како пратеници сме единствени и ќе останеме единствени. Затоа секогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде браникот на националните интереси бидејќи тоа го должиме на сите граѓани. Важно е да го извадиме СДСМ и ДУИ на површина и да покажеме дека они како партија се одговорни за сите проблеми што се случија во Македонија со носење на огромни штетни последици со тие штетни договори што ги потпишаа“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мисајловски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ води на анкети и тоа значи дека набрзо ќе Македонија ќе има нова Влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.
Македонија
Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.
Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.
Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.
Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.
Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

