Македонија
Мисајловски во работна посета на САД на средби во Пентагон

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ја предводи македонската делегација, која од денес е во работна посета на Соединетите Американски Држави.
Повод на посетата се годишните билатералните одбранбени консултации меѓу двете земји.
За време на посетата, министерот Мисајловски ќе оствари средби со високи официјални претставници на Пентагон и вооружените сили на САД.
Билатералните консултации на експертските тимови на Пентагон и на Министерството за одбрана се во насока на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка помеѓу двете земји, која се одвива преку континуираните програми за поддршка на одбранбените реформи, процесот на модернизација на македонската Армија, заеднички обуки и вежби.
САД се наш стратешки партнер, кои од 1996 година континуирано ја поддржуваат македонската одбрана во развојот на капацитетите на нашата Армијата, соопштуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.