Македонија
Мисајловски: Силјановска-Давкова кога беше најтешко застана во борба за Македонија
За неколку недели од сега професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседателка, секој еден граѓанин треба да биде спокоен дека ќе се грижи за Македонците, за сите етникуми и ќе се бори за сите кои се и надвор од државата, секој да знае дека ќе има свој претседател, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ2, Владо Миајловски во Отвореното студио пред митингот пред владата.
Мисајловски истакна дека кога беше најтешко за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, многумина молчеа и ги немаше, но професорката Силјановска Давкова беше бедем, застана во онаа битна рамо до рамо со нас и навистина за борба за Македонија, застана во првите редови.
„Чест ми е што можам да седам до професорката Силјановска Давкоа во собранието, да размениме многу мислења но и да ја слушаме како го крева гласот против неправдите. Имаме моментално претседател кој потпиша кривичен закон за една минута за да ги спаси овие тука ја владеат владата и тие луѓе мора да си заминат, а тој што ги штитеше е Стево Пендаровски“, рече тој.
Мисајловски додаде дека за разлика од Пендаровски, професорката Гордана Силјановска Давкова е човек, експерт во својата област, секогаш го кажува тоа што го мисли, но најважно кажува со аргументи и факти.
„Моментално дипломатијата која ја води Бујар Османи кој е и кандидат, ја донесе на ниво за потсмев, лош кадар и луѓе кои работат по негови насоки, се потпишуваат штетни договори и како да се погазува македонскиот народ, Гордана Силјановска Давкова нема да подлегне под ниту еден притисок, ќе се бори за секој човек, за секој еден да го добие вистинското место, Македонецот и секој граѓанин на прво место“, нагласи Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

