Македонија
Мислење од правниот тим на „Еуромакс ресоурсес“: Владата има облигаторна обврска да одлучи за концесиите
Во однос на јавниот интерест во врска со управните процеси и решенијата на управните судови според кои се потврдува правното стојалиште дека барањето за спојување на концесиите е претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да постапи пред да преземе какво било друго дејство, во прилог ви го доставување стручното правното мислење на Адвокатското друштво „Бона фиде“ – Скопје, кое е правниот застапник на „Еуромакс ресоурсес“ во процесите пред Управните судови:
„Друштвото за производство, промет и услуги ‘Еуромакс ресоурсес’ ДОО Скопје во јануари 2016 година, во согласност со член 61 од Законот за минералните суровини, има поднесено барање за спојување на концесиите за проектот ‘Иловица-Штука“.
Член 61 Спојување концесии (1) Во функција на рационално и економично истражување или експлоатација на минерални суровини може да се врши спојување на две соседни концесии во случај кога концесиите се простираат на исто наоѓалиште за ист тип на минерална суровина. (2) На концесионерот му се дава можност да ги спои концесиите за експлоатација доколку се работи за ист сопственик и ист вид минерална суровина.
Според истиот закон, одлука за спојување на концесиите донесува Владата по добивање образложен предлог од Министерството за економија, кое е должно да направи увид на локалитетот и да изготви записник, информираат од ‘Еуромакс ресоурсес’.
По барањето на ‘Еуромакс ресоурсес’ ДОО Скопје за спојување на концесиите, Министерството за економија направило увид и изготвило записник за извршен теренски увид уште во февруари 2016 година. Според записникот, постапката за спојување на концесиите може да продолжи со оглед дека не постојат правни и фактички пречки. Врз основа на извршениот увид и изготвениот записник, Министерството за економија во неколку наврати поднесува до Владата предлог за одобрување на барањето на ‘Еуромакс’ за спојување на концесиите со образложение дека сите правни и технички услови се исполнети.
Ниту една од владите од 2016 година до јули 2023 година нема донесено одлука по конкретното барање поради што ‘Еуромакс ресоурсес’ ДОО Скопје побара правна заштита во управен спор во согласност со македонското релевантно законодавство.
Управните судови, дури во три свои одлуки, потврдуваат дека тоа барање за спојување, поднесено во јануари 2016 година, претставува претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да донесе одлука. Тоа се следните одлуки: правосилните пресуди на Управниот суд: У-6.бр.575/2019 од 31.3.2020 година и У-6.бр.131/2023 година и решението на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.195/2022 од 9.2.2023 година по што донесена е и правосилната пресуда на Управниот суд У-6.бр.131/2023 година за поништување на одлуката на Владата за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина.
Оттука, би сакале да укажеме дека одлуката на Владата за спојување на концесиите од 27.6.2023 година е донесена во постапка што е иницирана по барање за спојување на концесиите од 2016 година, а за што, според управните судови, Владата има облигаторна обврска да одлучи пред да преземе какво било друго дејство“, велат од „Еуромакс ресоурсес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради дефект без парно делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода
Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, соопшти ЕСМ.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Македонија
Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција
Скандалот во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега ја разоткрива длабоката системска корупција и злоупотреба во институцијата која треба да им служи на најранливите. Социјални пензии добивале лица кои што воопшто не исполнуваат услови за тоа, додека лица на кои што им е од суштинска важност да добијат социјална пензија или надоместок за туѓа нега се одбивани, велат од Левица.
„Според досега изнесените податоци неколку вработени во Центарот, меѓу кои и еден раководител исплаќале социјални пензии, туѓа нега и други социјални надоместоци и тоа ретроактивно, на лица кои не исполнувале услови за тоа, со што го оштетиле Буџетот за неколку стотици илјади евра.
Дополнително загрижува фактот што, и покрај тоа што Јавното обвинителство покренало постапка против овиелица, по признание на вина за несовесно работење во службата тие биле задолжени да платат по 18.000 денари по што продолжиле со работа во Центарот за социјални работи во Тетово. Ова испраќа опасна порака дека злоупотребата на јавните пари и газењето на социјалната правда поминуваат без реални последици.
Јавно прашуваме зошто Министерството за социјална политика и министерот Лимани молчат за овој скандал?
Исто така прашуваме како е можно лица кои самите признале дека несовесно работеле и го оштетиле буџетот да бидат сѐ уште вработени во Центарот?
Кого штити Министерството и дали Владата на ДПМНЕ знae воопшто на кои и на колку лица неосновано им биле испраќани социјални надоместоци?
Ова е уште еден доказ дека државата за некого е мајка, за некого маќеа!“, се вели во соопштението на политичката партија.
Македонија
(Видео) Клучката „Момин Поток“ се гради со забрзано темпо, Ѓоргиевски порача: „Наскоро скопјани ќе возат по нов булевар“
Скопје наскоро ќе добие нов булевар, откако со забрзано темпо продолжува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти – изградбата на клучката „Момин Поток“ и булеварот „Никола Карев“.
Како што информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, во моментов е во напредна фаза поставувањето на атмосферската канализација во средишниот дел на булеварот, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот „Словенија“.
Овој сегмент, како што истакнува Ѓоргиевски, е клучен за безбедна, современа и одржлива сообраќајна инфраструктура.
Паралелно се гради и левиот крак од мостот над реката Серава, преку кој ќе се поврзат булеварот „Словенија“ и клучката „Момин Поток“. Со тоа ќе се овозможи побрза и поефикасна врска меѓу неколку важни градски сообраќајници.
„Како што ветив, Скопје пишува нова страница во својата историја. Со дела, не со зборови. Скопјани заслужуваат“, порача градоначалникот Ѓоргиевски.

