Македонија
(Видео) Мисовски го прекина Заев на говорница, да не го крши Деловникот

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, го прекина премиерот Заев на говорница додека тој се обидуваше да одговори на прашањето на пратеникот Бајрам зошто аптеките по 15 во месецот ги наплаќаат лековите приватно.
-Извинете премиере, но одговорот на тоа прашање беше поставено до Министерството за здравство, а до Вас за советник Ром и треба да одговорите само на тоа прашање. Пратеникот претходно рече дека е задоволен од одговорот на министерот. Таков е Деловникот, мораме да го почитуваме, не смееме да воведуваме пракса поинаква од Деловникот, рече Мисовски, по што Заев си замина од говорницата.
Инаку, Заев одговараше на прашањето на Бајрам за вработување советник Ром во неговиот кабинет, и потоа се осврна на прашањето за недостиг на лекови. На ова Бајрам реагираше дека е задоволен од премиерот и од неговиот одговор, но дека е незадоволен од Мисовски, кој го заменуваше Џафери на денешната седница за пратенички прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум, најави Владата

Македонија се гради. Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, најавуваат од Владата.
Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец, како што е појаснето во официјалното соопштение изнесуваше 11,7 милиони евра.
„Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.
Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.
Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија“.
Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.