Македонија
Митева за извештајот на Советот на јавни обвинители: Институциите мора да се научат дека не може да функционираат по терк кој досега бил пракса со власта на СДС и ДУИ
„Очигледно дека работата на Советот на јавни обвинители не е добра ниту целосна, ниту па ја одразува и ја применува целата улога за која практично беше и формиран. Жалам, поддршка на ваков извештај ниту сега ниту во иднина нема да дадам“, истакна членот на ИК и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната собраниска Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители за 2023 година.
„Мора да се научат институциите дека не може да функционираат по терк кој досега бил пракса со власта на СДС и ДУИ каде само бледо ќе напишат некои статистики и ќе ги пратат до Собранието и ќе ценат дека така ќе поминат работите. Мора да размислуваме како да ги подобруваме работите, тоа беше и наше предизборно ветување“, рече Митева.
Таа истакна дека по скандалот со заменик претседателот кој се случи очекувала оставка од сите во Советот на јавни обвинители. „Во најмала рака очекував дека по скандалот кој се случи со заменик претседателот сите како совет на јавни обвинители ќе понесете морална одговорност, оставки и ќе кажете дека не сакате да сте дел од еден таков совет“, посочи Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

