Македонија
Митева: Македонија според „Фридом Хаус“ е во друштво на земји каде владее хибриден режим
„Најновиот извештај „Земји во транзиција 2023“ на „Фридом Хаус“ ја рангира Македонија во земјите со хибриден режим, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и додаде дека извештајот покажува дека Македонија со години тапка во место.
„Владата чии ветувања беа демократизација, ја смести Македонија во земји со хибриден режим“, истакна Митева.
Митева посочи дека оценката за владеење на владата е 3.5, како и независноста на медиумите. Корупцијата е оценета со 3.25, исто како и независноста на судството. Од една тројка никако Македонија да види повисока или подобра оцена, која ќе значи нејзин напредок, каков што заслужува.
„Ова се катастрофални рангирања во низа за Македонија, кои со оваа власт стануваат се полоши, со секое ново рангирање. Задоволувањето со просекот или стагнирањето е одлика на слаба и нефункционална влада. На Македонија и се неопходни промени и напредок, кој ќе резултира со подобрување на реномето на Македонија на сите релевантни светски извештаи, а ВМРО-ДПМНЕ на тоа се обврзува“, нагласи Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

